Македонци во Блискиот Исток бараат итна помош од МНР!

Министерството апелира до сите македонски државјани во регионот да останат внимателни и да ги следат упатствата за безбедност.

Поради влошената безбедносна состојба во регионот на Блискиот Исток, вчера во Министерството за надворешни работи и надворешна трговија (МНРНТ) беше формиран кризен штаб, кој е на 24-часовно располагање на граѓаните.

Штабот ја следи состојбата во реално време и координира сите активности поврзани со македонските државјани кои се наоѓаат во загрозените подрачја, обезбедувајќи асистенција и подготовка за евентуална безбедна евакуација.

Дипломатско-конзуларните претставништва во Тел Авив, Доха и Абу Даби се во постојана комуникација со нашите државјани. Според информации од Амбасадите и СОС телефоните на МНР, се бележи зголемување на бројот на пријавени македонски државјани кои се затечени во ризичните зони.

Од МНР нагласуваат дека сите наши граѓани треба да ги почитуваат насоките на локалните безбедносни органи и дека Министерството останува на располагање преку дежурен телефон и дипломатско-конзуларните претставништва.

Контакти за помош и информации:

  • СОС дежурен телефон (МНРНТ): 075/273-732
  • Амбасада во Доха: +974 50 173 111
  • Амбасада во Абу Даби: +971 56 441 7532
  • Амбасада во Тел Авив: +972 54 500 8566 / +972 54 967 0546

Министерството апелира до сите македонски државјани во регионот да останат внимателни и да ги следат упатствата за безбедност.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни