Search

„МакеДокс“ распишува повик за волонтери

Фестивалот „МакеДокс“ распишува повик за волонтери за 15 тото издание на фестивалот кое ќе се одржи од 15 до 22 август.

„Велиме дека декада ипол волонтерите се мускулите, но и душата на фестивалот. Неверојатно е колку многу поминавме, а сепак се чини дека брзо да стигнавме до нов јубилеј. Сигурно ни е многу убаво и затоа времето ни лета, можеби е така затоа што ја живееме нашата омилена приказна. Мислата дека наскоро првото кафе, турско чајче или симитка во денот ќе се ужива во ановите, но исто таму и ќе се испрати денот, нѐ скокотка и уште од сега ни го поткрева допаминот. Искрен поздрав до сите кои волонтирале барем минута од своето време и ентузијазам изминатите 15 години! Ги повикуваме сите нив, но и оние кои до сега не успеале да ни се придружат, да се пријават на незаборавното петнаесетто издание на МакеДокс.  Денот да почне и заврши во ановите со стари добри и нови пријатели!„ повикуваат од МакеДокс.

Волонтерите на фестивалот се потребни од 7 до 23 август.

Најново

Последни колумни