Школа за млади документаристи

МакеДокс објавува повик за Докуникулци 2024

„МакеДокс“ е во потрага по шестата генерација на Докуникулци на возраст од 14 до 18 години кои сакаат да бидат дел од едногодишната работилница за креативен документарен филм. Повикот е отворен до 15 јуни 2024, a резултатите ќе бидат објавени до 20 јуни 2024 година. Работилницата ќе биде распоредена во четири сесии и ќе се случува во следниот период: 

Јули 2024 (5 дена во природа), август 2024 (8 дена на филмскиот фестивал „МакеДокс“) и 5-7 есенско-зимски сесии по договор во периодот од септември до јануари снимање и завршување на филмовите до јуни 2025.

На работилницата, своите знаења и вештини во документаристиката ќе ги споделат членови на креативниот тим на „МакеДокс“, ланските докуникулци и филмски експерти од други земји – докажани докупрофесионалци.     

Учеството е бесплатно. Трошоците за сместување, превоз и храна се покриени.

„Бараме млади, храбри и креативни луѓе кои сакаат да се изразат слободно и спремни да се впуштат во незаборавна авантура. Дванаесетмината величествени од сите вас, ќе бидат поделени во групи со по еден ментор, а на крајот секоја група ќе треба да има готов краток креативен документарен филм. Имаш уникатна шанса да го научиш занаетот на правење документарци од прва рака наместо од видео – туторијали и да навлезеш во филмскиот свет на еден свој и уникатно интересен начин“, велат организаторите.

Програмата на Докуникулци црпи искуство од досегашните 5 генерации на млади, од кои дел, веќе започнале сериозно да се бават со филм. Искуството е стекнато низ 15 фестивалски години каде се свртеле буквално илјадници документаристи, раскажувачи на приказни и вљубеници во седмата уметност.

„На дофат на рака имаш единствена можност за креативна дружба, од која на крајот ќе имаш свој филм! Твој филм, кој ќе биде снимен според твојата приказна, со професионална опрема, и со помош на менторска поддршка од доку-професионалци. И наша заедничка длабока надеж дека твојот филм ќе патува на многу фестивали. Сними се себе си, со телефон, камера или на кој билој друг начин и преку видеото, кое не треба да е подолго од 5 минути, одговори на следниве прашања:

Покрај гледањето филмови, кои се твоите останати хобија/пасии?Дали повеќе го следиш твоето срце или твојот разум?По која особина сакаш да те запамтат луѓето?Дали се поистоветуваш со некој филмски лик? Доколку да, кој е тој?Која е причината поради која сакаш да гледаш (документарни) филмови?Кое е твоето првично сеќавање од гледање филм?За каква личност се сметаш себе, а пак како те сметаат другите / твоите пријатели?“ , стои во повикот на МакеДокс.

   

Најново

Последни колумни