Фестивалот на креативен документарен филм „МакеДокс“ објави програма на филмови наменети за деца и младинци.
„Обично се вели, децата се нашето најголемо богатство, но за тоа богатство да опстане и да порасне, стекнувајќи ги сите благородни особини и вредности, треба за него да се грижиме, да ни биде гајле, да му посветиме време и да го негуваме, изложувајќи го на убави и квалитетни нешта…
Затоа и оваа година, „МакеДокс“, со особено внимание, одбра околу 15 кратки и долгометражни анимирани и документарни филмови, претежно со зелена тематика, зашто сметаме дека чувството за убавината и одговорноста кон природата и воопшто околината се гради уште од мали нозе. Па, затоа ги повикуваме сите тие мали нозе да дојдат во кино и заедно со своите мајки, татковци, батковци, тетки, стрини, баби и дедовци да ја проследат Детската програма на 16. издание на „МакеДокс“. Облечете нешто зелено, зашто зелено е во мода“ се вели во објавата на организаторите.
„МакеДокс“ ќе се одржи од 21 до 28 август на повеќе локации во Скопје – Куршумли-ан, Музеј на Македонија, Сули-ан, МКЦ и „Лабораториум“.
Мотото годинава е „Кому му е гајле за реалноста?“, а во рамките на програмата ќе бидат прикажани 75 документарни филмови, а на фестивалот ќе пристигнат околу 100 гости од странство.
Детската и младинска програма може да ја погледнете на следниот линк