Инеке Смитс, член на жирито за Наградата за најдобар краток филм

„МакеДокс“ е фестивал што ја слави квалитетната кинематографија

Живееме во времиња кога визуелните елементи станаа многу важни. Многу млади попрво гледаат во екрани отколку што читаат книги. Во исто време предизвик е да се пренесе вистинската содржина до вистинската публика. Филмски фестивали, големи и мали, играат важна улога во ова. Како режисер, верувам дека треба да го искористам мојот занает за да придонесам за подобар свет. Моите најнови филмови се покажаа како поттик за дискусија, за разни прашања и одговори и тоа е одлично

Jубилејно петнаесетото издание на МакеДокс, кое се отвара утевечер, ќе понуди 92 филмови во пет натпреварувачки категории, во едно возбудливо седум дневно „Копање емоции низ времето” и низ архивите на кинотеките. Фестивалот и годинава го носи најдоброто од документарниот филм во светот на сцените на Куршумли Ан и Сули Ан во Скопје. За фестивалот и за улогата и влијанието на документарниот филм, разговаравме со Инеке Смитс, режисерка на документрани филмови и член на жирито за наградата за Најдобар краток филм.



Трн: Кои се актуелните европски и светски трендови во документарните филмови? Која е преокупацијата на авторите по содржина, форма и структура?

Инеке: Со оглед на тоа што на технологијата и опремата на снимање станува сè полесно достапна и поедноставна, стана многу полесно се повеќе луѓе да снимаат филмови. Од една страна, ова е многу убаво движење, но од друга страна, ја прави огромна количината на аудиовизуелна продукција. Во овој поглед, жално е што не секогаш се цени занаетот за снимање филмови, раскажувањето приказни и визуализацијата.

Трн: Колку е големо влијанието на документарните филмови во општеството? Дали можат да влијаат врз јавноста и да го променат јавното мислење? Да се ​​подигне јавната свест?

Инеке: Живееме во времиња кога визуелните елементи станаа многу важни. Многу млади попрво гледаат во екрани отколку што читаат книги. Во исто време предизвик е да се пренесе вистинската содржина до вистинската публика. Филмски фестивали, големи и мали, играат важна улога во ова. Како режисер, верувам дека треба да го искористам мојот занает за да придонесам за подобар свет. Моите најнови филмови се покажаа како поттик за дискусија, за разни прашања и одговори, и тоа е одлично. Колку тоа всушност помага надвор од тие дискусии, не знам.

Трн: Колку филмските фестивали како МакеДокс се важни за промоција на филмовите?

Инеке: Кога велите промоција, размислувам како продавам нешто. Овој фестивал едноставно ја слави квалитетната кинематографија, со и за сите што го сакаат киното.

Трн: Дали социјалните платформи ја создаваат следната генерација филмаџии?
Инеке: Не. Секој може да вклучи камера, но тоа не значи дека секој е добар филмаџија и режсисер.

Трн: Дали имавте шанса да погледнете документарен филм од македонски режисер?  И општо што мислите за македонската кинематографија?
Инеке: Мислам дека Медена земја е одличен филм во секоја смисла. Добро е снимен од Самир Љума. Прекрасно раскажување, одлични ликови и многу силна основна тема.

Трн: Годинешната тема на „МакеДокс“ е архивата. Како режисер на документарни филмови, колку се важни архивите за вас и вашата работа во процесот на создавање филм?

Инеке: Архивите се корисни за секој режисер. Не само да се користи вистински материјал, туку и да се истражува, да се најде инспирација. Имам користено архива во неколку случаи и не треба да се потценува како се користи. Мора да го адаптирате материјалот што првично е снимен за друга цел, друг филм, вести, семејни спомени или што и да е. За да се вклопи во уметничкиот стил и во друг контекст потребно е повторно уредување, а многу често и менување на звукот.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни