Најголеми хитови на 2024 година
1. „Месечевиот сјај“ – Нокаут и Миа Перевска
Соработката помеѓу Пере и неговата ќерка Миа донесе свеж, модерен ритам на македонската сцена. Песната е вистински пример како традицијата и иновацијата одат рака под рака, нудејќи звук што беше вистински хит.
2. „Амајлија“ – ДНК и Теа Трајковска
Оваа песна беше не само хит на радио-станиците, туку и доминираше на социјалните мрежи. Нејзиниот заразен ритам и емотивната порака ја направија избор број еден за пеење на настапи и снимање видеа на Инстаграм и ТикТок.
3. „Подобро заслужувам“ – Тамара Стојковска
Оваа млада изведувачка од Битола го освои вниманието со својата уникатна песна што донесе дафт-панк шмек во македонската музика. Тамара покажа дека новите генерации можат да внесат свежина и оригиналност.
4. „Ела“ – Калиопи
Со фантастичен концерт и нов албум, Калиопи уште еднаш докажа дека е неприкосновена дива на македонската музика. Песната „Ела“ беше насекаде – на радио, на настапи и во срцата на публиката.
5. „Никој како ти“ – Тамара Тодевска и Коста
Оваа песна го означи враќањето на Тамара во динамичен и интересен ритам, излегувајќи од комфорната зона на баладите. Совршено модерно парче кое ја потврдува нејзината умешност во изборот на тим и песна.
Безвременски хит
Сања Стојковска издвојува една песна која го надминува времето: „Телефонскиот број не постои“ од Нокаут.
Според неа, оваа песна е совршен пример за квалитетен поп хит што ги руши сите рекорди и останува врежан во колективната меморија.
Бонус трака за крај на годината
Брејк ја затвори 2024 со нова песна, „Оваа песна не знаев да ја напишам.“ Во соработка со Пере, оваа балада донесе емотивна приказна и направи моќен камбек за еден од најпознатите македонски изведувачи.
Македонската музика е жива, динамична и полна со потенцијал, а оваа година тоа го потврди повеќе од било кога.