Мајстори на одложување: Најмрзливите хороскопски знаци

Дали ви се случува да наместите пет аларми – и да ги преспиете сите? Дали планирате генерално чистење со недели, но на крај креветот секогаш победува?

Според астрологијата, склоноста кон одложување не е само навика – туку и можно „дело на ѕвездите“. Некои хороскопски знаци се вистински професори по излежување. Додека едни јуришаат кон целите, овие уживаат во лесен чекор, повеќе одмор и помалку брзање.

Бик
Биковите се хедонисти и обожуваат моменти кога можат да се опуштат без никакви рокови над глава. Тие мајсторски знаат да претворат кратка пауза во половина ден одмор, а задачите трпеливо ги чекаат додека тие се препуштаат на удобноста.

За нив „утре“ е најчестата стратегија, па листите со обврски знаат да им станат долги. Но кога ќе се активираат – работат темелно. Само, тој старт понекогаш знае да потрае.

Рак
Раковите се чувствителни и често одложуваат за да се заштитат од стрес или непријатни ситуации. Кога нешто им делува премногу напорно или емотивно исцрпувачки, најрадо би го оставиле „за после“ и би се свртеле кон нешто што им носи утеха.

Обожаваат сигурност и домашен мир, затоа почесто ќе изберат да успорат отколку да се изложат на притисок. Нивното одложување не е мрзеливост, туку потреба да се стабилизираат пред да дејствуваат.

Риби
Рибите се сонувачи кои често живеат во свој креативен, нежен и хаотично симпатичен свет. Кога треба да се соочат со обврски што бараат структура, план и дисциплина – тие лесно „одпловуваат“ во друг правец.

Тие ја сакаат идејата за ден без брзање, без гужва и без тензии, па одложувањето им доаѓа како природен начин да останат во својата зона на мир. Иако се емпатични, уметнички настроени и добродушни, нивната склоност кон фантазија неретко ги оддалечува од секојдневните задачи.

Извор: Index.hr

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни