„МАЈКА“ на Теона Стругар Митевска во потесна селекција за Европските филмски награди

Престижната церемонија, што го слави најдоброто од европската кинематографија, ќе се одржи на 17 јануари 2026 година во Берлин, Германија

Филмот „МАЈКА“  во режија на Теона Стругар Митевска, копродукција на Северна Македонија и Белгија, е избран во потесната селекција (Shortlist) на филмовите што ќе се натпреваруваат за 38. Европски филмски награди (European Film Awards), објави Агенцијата за филм на Северна Македонија.

Престижната церемонија, што го слави најдоброто од европската кинематографија, ќе се одржи на 17 јануари 2026 година во Берлин, Германија.

На годинешната потесна листа се најдоа 67 долгометражни филмови – меѓу нив 44 играни, 15 документарни и 8 анимирани – од 34 европски земји, што ја отсликува разноликоста и уметничката сила на европската филмска сцена.

Ова признание е нов голем успех за македонската кинематографија и уште едно потврдување на авторскиот печат на Теона Стругар Митевска, која со „МАЈКА“ продолжува да го претставува нашиот филм на најпрестижните европски сцени.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни