Маглата го парализира скопскиот аеродром: Откажани и пренасочени сите летови

Поради густата магла и намалената видливост, сите летови од и кон Меѓународниот аеродром Скопје се откажани или пренасочени. Дел од авионите слетале во регионот

Густата магла што утрово го зафати скопскиот регион предизвика сериозни проблеми во авионскиот сообраќај, поради што сите летови од и кон Меѓународниот аеродром Скопје се откажани или пренасочени кон други аеродроми во регионот.

Иако дел од летовите се прикажани како одложени, засега не е извесно дали во текот на денот ќе има редовни полетувања или слетувања, поради континуирано намалената видливост.

Откажани летови поради магла

Поради лошите временски услови, откажани се летовите на следните авиокомпании:

  • Wizz Air – кон Дортмунд, Брисел, Париз, Љубљана, Базел, Меминген и Венеција
  • Croatia Airlines – кон Загреб
  • Turkish Airlines – кон Истанбул

Пренасочени летови

Дел од авионите што не можеле да слетаат во Скопје биле пренасочени и слетале на аеродромите во Охрид, Приштина, Софија, Тирана и Солун.

Во моментов, единствено е потврдено слетување на авион од Софија во 13:30 часот, но надлежните служби нагласуваат дека ситуацијата е променлива и зависи од подобрување на временските услови.

На аеродромот има отворени капии и за одредени летови кои треба да полетаат, но се чека конечна дозвола од контролата на летање.

Патниците се советуваат редовно да ги следат информациите од авиокомпаниите и аеродромските служби.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни