Магла на планинските превои Ѓавато, Плетвар, Стража и во Крушево

Намалена видливост поради магла до 50 метри има на планинските премини Ѓавато, Плетвар, Стража, како и во Крушево

Автомото сојузот на Македонија информира дека сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Намалена видливост поради магла до 50 м. има на планинските премини Ѓавато, Плетвар, Стража и Крушево.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Дополнително, сообраќајот на ГП Евзони, кој беше во прекин поради протест, синоќа во 22:30 ч. е нормализиран.

Од АМСМ потсетуваат дека од 15.11.2025 година започна законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни