Магионичар од скопско Трубарево измамил брачен пар за 400.000 евра

Според пријавата, 54-годишниот „бел магионичар“ од скопското село Трубарево бил пријавен на 3 јули од 76-годишен жител на Берово во полицијата во Штип.
Fortune teller using crystal ball high angle view,Image: 258284151, License: Royalty-free, Restrictions: , Model Release: yes, Credit line: - / Wavebreak / Profimedia

Како што стои во пријавата, од 2022 до 2025 година, осомничениот со цел да стекне противправна имотна корист, ги измамил пријавителот и неговата сопруга, претставувајќи се како лице со посебни паранормални способности.

Тој се претставувал како „божји човек“ кој има моќ да ги отстрани злите сили што наводно биле фрлени врз нивниот син и наводно го загрозувале неговото здравје и живот.

Во текот на речиси тригодишниот период, на различни локации во Скопје и Берово, измамникот од оштетените барал суми од 5.000 до 6.000 евра за „помош“, со што за тој период стекнал противправна имотна корист од околу 400.000 евра.

По приемот на пријавата, полицијата го „означила“ парите што 76-годишникот од Берово требало да му ги предаде на измамникот и на 4 јули во Берово го уапсила осомничениот измамник и неговата 76-годишна мајка, кај кои при претрес биле пронајдени 3.000 евра во готовина.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни