Во оваа копродукциска претстава улогите ги толкуваат Ана Јовановска и Дамјан Цветановски, со сценографија на Мартин Манев и костими од Роза Трајческа-Ристовска, а музичката подлога е дело на Марјан Неќак. „Бели ноќи“ премиерно беше изведена на 17 октомври на малата сцена во МНТ и освои одлични критики и ентузијастички реакции од публиката.
Следните изведби на претставата се закажани за 15 и 28 ноември, во 20 часот, а билетите се веќе во продажба!