„Магичната флејта на Вулфи“ е симфониски концерт за деца инспириран од музиката на Волфганг Амадеус Моцарт, но со своја автентична приказна за малечкиот Вулфи и неговата средба со волшебната флејта. Авторка на приказната и нараторка на концертот е Тина Иванова, а како актер настапува миленикот на децата, Мартин Јордановски.
Приказната го следи авантуристичкиот карактер на Вулфи, неговите палавштини, љубопитност и потрага по мистериозното. Неговата љубопитност го води до визбата на својот татко, каде што го среќава МАГИЧНАТА ФЛЕЈТА. Со своите магични звуци, флејтата му помага да ја оствари најголемата желба – да стане славен музичар.
Претставата е збогатена со фантазија и малку магија, комбинирајќи едукативни и забавни елементи. Детската публика ќе има можност да се запознае со музиката на Моцарт, да научи за класичната музика и да развие љубов кон уметничката изведба преку интерактивно и весело искуство.
Диригент на концертот е маестро Иван Еминовиќ, а оркестарот ќе изведе дел од богатото музичко наследство на Моцарт.
Концертот се одржува на 14 март 2026 година (сабота) со почеток во 12:00 часот во Македонската филхармонија.