Магазинот Пипл ја прогласи Деми Мур за најубава личност во 2025 година

Оваа година титулата „најубава личност“ според магазинот Пипл ја понесе актерката Деми Мур (62). По успехот со хорор-филмот The Substance, во кој игра жена опседната со вечна младост, Деми во интервју за Пипл искрено зборуваше за тоа што за неа денес значи убавината:

Магазинот Пипл ја започна својата традиција на избор за најубави луѓе во светот во 1990 година. Целта на проектот беше да ги доближи познатите личности до читателите, промовирајќи убавина што ги руши стереотипите и инспирира други.

Со текот на годините, на насловните страници се појавија некои од најпознатите холивудски ѕвезди, вклучувајќи ја и првата ѕвезда на насловната страна – Мишел Фајфер, како и Џулија Робертс, Бијонсе, Кејт Хадсон и многу други, пренесува Index.hr.

Оваа година титулата „најубава личност“ според магазинот Пипл ја понесе актерката Деми Мур (62). По успехот со хорор-филмот The Substance, во кој игра жена опседната со вечна младост, Деми во интервју за Пипл искрено зборуваше за тоа што за неа денес значи убавината:

„Убавината е автентичност и позитивност. Тоа е чувство на пријатност во сопствената кожа“, изјави таа.

По години во кои чувствувала притисок да изгледа совршено, вели дека денес има поздрав и поопуштен однос кон своето тело и живот. Деми сака да испрати порака дека вистинската убавина не зависи од годините или изгледот, туку од тоа да бидеме свои и со љубов да се грижиме за себе.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни