Актерот Џон Красински беше прогласен за најсекси маж во светот за 2024 година од страна на магазинот People. Kрасински ја презема титулата од колегата Патрик Демпси.
Веста дека 45-годишниот актер, продуцент и режисер е прогласен за најсекси маж на светот, беше откриена во вторникот за време на The Late Show with Stephen Colbert. Красински е најпознат по неговата икона улога на Џим Халперт во The Office, како и по научно-фантастичниот хорор филм A Quiet Place и неговото истоимено продолжение.
Тој истакна дека без сомнение највредната улога што ја има е секојдневната од реалниот живот – Красински е сопруг на актерката Емили Блант (41) со која има две ќерки Хејзел (10) и Вајолет (8).
„Убаво е да си во брак со некој од кој постојано учиш, со кој се менуваш и се развиваш. И навистина сум среќен што имам можност да го поминам сето ова со сопругата“, изјави Красински во интервју за People. Тој напиша, режираше и глумеше во A Quiet Place и продолжението A Quiet Place 2 со сопругата Емили влогови.
Красински изјави дека работата со сопругата на двата филма била една од највозбудливите работи во неговиот професионален живот.