Магазинот People го прогласи најсекси мажот во светот

Красински е најпознат по неговата икона улога на Џим Халперт во The Office, како и по научно-фантастичниот хорор филм A Quiet Place и неговото истоимено продолжение

Актерот Џон Красински беше прогласен за најсекси маж во светот за 2024 година од страна на магазинот People. Kрасински ја презема титулата од колегата Патрик Демпси.

Веста дека 45-годишниот актер, продуцент и режисер е прогласен за најсекси маж на светот, беше откриена во вторникот за време на The Late Show with Stephen Colbert. Красински е најпознат по неговата икона улога на Џим Халперт во The Office, како и по научно-фантастичниот хорор филм A Quiet Place и неговото истоимено продолжение.

Тој истакна дека без сомнение највредната улога што ја има е секојдневната од реалниот живот – Красински е сопруг на актерката Емили Блант (41) со која има две ќерки Хејзел (10) и Вајолет (8).

„Убаво е да си во брак со некој од кој постојано учиш, со кој се менуваш и се развиваш. И навистина сум среќен што имам можност да го поминам сето ова со сопругата“, изјави Красински во интервју за People. Тој напиша, режираше и глумеше во A Quiet Place и продолжението A Quiet Place 2 со сопругата Емили влогови.

Красински изјави дека работата со сопругата на двата филма била една од највозбудливите работи во неговиот професионален живот.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни