Маџун на Урошевиќ во издание на Или Или од утре во продажба

По првото издание во 2018 година, романот Маџун добива ново издание и тоа како дел од издавачката куќа Или – Или. Годинашниот најнаградуван автор во издание на Или Или сега има два наслови: „Вонземјанки“ и „Маџун“ од утре во книжарницата Или Или. Романотр е добитник на наградата „Стале Попов“ на ДПМ, номиниран е за македонски кандидат за наградата Балканика а преводи се објавени во Бугарија, БиХ, Србија и Хрватска.

Романот е дел од едицијата „Проаза“ на Или Или, лектурата е на Сузана В. Спасовска, а дизајнот на корица е на Марија Смилевска.

За овој роман, доста истакнати книжевници дадоа свој осврт, меѓу кои Миленко Јерговиќ, Лидија Капушевска Дракулевска, Оливера Ќорвезироска и многу други.

Влада Урошевиќ (1934), поет, прозен писател, есеист, патописец. Препејувач на француската поезија (Бодлер, Рембо, Аполинер, Елијар, Бретон, Мишо…), автор на повеќе антологии. Роден во Скопје, во Дебар-маало, каде што го поминал раниот период од своето детство. Како и „Маџун“, и некои други негови романи („Вкусот на праските“, „Мојата роднина Емилија“, „Дива лига“, „Вистинита но не многу веројатна историја за семејството Пустополски, за куќата покрај Вардар и за четирите прстени“) за сцена на своето дејство го имаат Скопје во разни периоди од неговата историја. Своите мемоарско-есеистички текстови за родниот град ги објавил во книгите „Алдебаран“ и „Астролаб“. Повеќе негови раскази, од седумте објавени збирки, се одигруваат , исто така, во Скопје. Во 2023 година, по наградите “Роман на годината“ и „Златен венец“ на Струшките вечери на поезијата, прогласен од Македонската асоцијација на издавачи за „Автор на годината“.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни