Свргнатиот венецуелски претседател Мадуро денес повторно се појавува пред суд во САД, каде се соочува со сериозни обвиненија, меѓу кои и „наркотероризам“, јавува Reuters.
Според обвинителите, случајот се темели на тврдења дека тој и негови соработници биле дел од мрежа која овозможувала шверц на кокаин преку Венецуела, во соработка со колумбиски бунтовнички групи.
Обвинение за наркотероризам
Законoт за наркотероризам во САД е донесен во 2006 година и ретко се користи, но предвидува казни од најмалку 20 години затвор, а во некои случаи и доживотен затвор.
Обвинителите мора да докажат дека обвинетиот знаел за поврзаност со терористички активности, дрогата била поврзана со групи што САД ги смета за терористички и постоела свесна поддршка или олеснување на такви активности.
Поврзаност со FARC
Случајот се поврзува со наводна соработка со колумбиската група FARC, која во САД со години беше означена како терористичка организација.
Според обвинението дрога била транспортирана преку Венецуела, дел од владините структури на Мадуро наводно учествувале во логистиката, а профитот од трговијата бил поврзан со вооружени групи
Одбрана и негирање
Мадуро и неговите соработници ги отфрлаат сите обвиненија, тврдејќи дека се работи за политички мотивирана кампања од САД насочена против владата во Каракас.
Неговиот адвокат не даде официјален коментар за случајот.
Потенцијални сведоци
Случајот би можел да се темели на сведочења од поранешни венецуелски воени лица, меѓу кои поранешни генерали обвинети во истата истрага и лица кои веќе се изјасниле за виновни во одделни случаи
Што следува
Ако биде прогласен за виновен, Мадуро може да се соочи со долги затворски казни и доживотен затвор во најтешките случаи.
Случајот е еден од најзначајните политичко-кривични процеси поврзани со Латинска Америка во последните години.