Мадуро испрати порака од затвор: Добри сме, ние сме борци

„Добро сме. Ние сме борци“, рекол Мадуро од притворен центар во Бруклин, Њујорк, според владејачката партија на Венецуела
epaselect epa12628899 Captured Venezuelan President Nicolas Maduro and his wife, Cilia Flores, arrive at the Wall Street Heliport during their transport to the federal courthouse for their arraignment in New York, New York, USA, 05 January 2026. EPA/Stringer

Уапсениот венецуелски претседател Николас Мадуро вчера испратил порака преку своите адвокати од американскиот затвор дека е добро и дека продолжува да се бори, додека во исто време Стејт департментот ги повика Американците да ја напуштат Венецуела поради нестабилната политичка ситуација.

„Добро сме. Ние сме борци“, рече Мадуро од притворен центар во Бруклин, Њујорк, според видео објавено вчера од владејачката партија на Венецуела.

Обвинети, меѓу другите, за трговија со дрога, Мадуро и првата дама Силија Флорес, кои се изјаснија за невини пред американскиот суд во понеделник, се притворени во Соединетите Држави до нивното следно рочиште на 17 март.

Носејќи транспаренти со пораката „Ги сакаме назад“, околу илјада поддржувачи вчера маршираа низ улиците на Каракас, скандирајќи „Мадуро и Силија се нашето семејство!“

Повиците за демонстрации во поддршка на соборениот социјалистички лидер се секојдневна појава уште од американската воена операција на 3 јануари. Излезноста вчера беше помала, без присутни истакнати личности од владејачката партија PSUV.

САД ги повикуваат своите граѓани да не патуваат во Венецуела

Државната телевизија ја емитуваше посетата на привремената претседателка Делси Родригез на земјоделски саем во Петаре, населба во Каракас, каде што се одржаа и помали демонстрации во поддршка на Мадуро.

„Нема да се смириме ниту минута додека не го вратиме претседателот“, изјави Родригез.

Американскиот Стејт департмент вчера ги повика сите граѓани да не патуваат во Венецуела, а оние што веќе се таму „веднаш да ја напуштат земјата“ поради „нестабилната“ безбедносна ситуација.

Во предупредувањето се вели дека „вооружени милиции, познати како колективи, поставуваат барикади и пребаруваат возила за докази за американско државјанство или поддршка за Соединетите Американски Држави“.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни