Мадридско дерби во Лигата на шампиони: Заврши ждрепката за осминафиналето

Актуелниот европски шампион Реал Мадрид ќе игра во осминафиналето на Лигата на шампиони против градскиот ривал Атлетико, одлучи денешната жрепката во Нион.

Клуб Бриж во првиот натпревар ќе и гостува на Астон Вила, Борусија Дортмунд ќе игра против Лил, а во дуелот на германските екипи Баерн ќе го пречека Баер Леверкузен во Минхен.

ПСВ во првиот меч ќе му гостува на Арсенал во Ајндховен, Феенорд ќе го пречека Интер, Пари Сен Жермен ќе го пречека Ливерпул, а Бенфика ќе ја пречека Барселона.

Првите осминафинални натпревари ќе се играат на 4 и 5 март, а реваншите седум дена подоцна. 

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни