Мадона го прослави роденденот во Помпеја и вети донација за театарската група во регионот

Фото: Instagram

Американската поп икона Мадона вели дека ќе ги покрие трошоците на театарскиот проект за млади и деца од Помпеја во период од една година. Таа ова го најави при нејзината посета на тој регион за 66тиот роденден.

Годишната сметка за тој проект изнесува околу 250 илјади евра.

Во петокот вечерта, Мадона го посетила местото на ископување на римскиот град во јужна Италија, одамна затрупан со лава и пепел. Германскиот директор на археолошкиот локалитет Габриел Цухтригел ја однел Мадона на обиколка на Помпеја на нејзиниот роденден. Градот бил затрупан во ерупцијата на Везув во 79 н.е.

Мадона потоа се запознала со проектната група „Согно ди Воларе“, која извела класична претстава во Големиот театар (Театро Гранде) во Помпеја.

Археолошкиот парк го поддржува театарскиот проект бидејќи се обидува да го вклучи локалното население во културниот живот на локацијата заштитена од УНЕСКО.

Театарската група има цел да ги ангажира, поддржи и промовира младите луѓе од регионот околу Помпеја во јужниот италијански регион Кампанија, кој се бори со релативно осипување од средно училиште, невработеност кај младите и миграција.

Мадона веќе една недела е во Италија, а најпрвин во Портофино пристигна како гостин на дизајнерот на модната куќа Долче и Габана.

Мадона, чии предци потекнуваат од италијанскиот регион Абруцо и емигрирале во Соединетите Држави, често одмара во Италија.

Извор: ХРТ

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни