„Мадам Батерфлај“ на 14 февруари во Скопје

Операта ќе биде изведена на сцената на Националната опера и балет, со почеток во 20:00 часот

„Мадам Батерфлај“ е една од најемотивните и најпознатите опери во светската оперска литература. Во неа Пучини вешто ги спојува елементите на западната и на источната култура, создавајќи неверојатно силни и драматични музички моменти кои допираат до срцето на секој слушател.

„Ако не сум трогнат, ако либретото не ми го допре срцето…тогаш тоа не е за мене”, велел Пучини.

Тој точно знаел што бара во едно оперско либрето, а фактот што приказната за деликатната јапонска „пеперутка“ длабоко го трогнала се огледува во секоја нота од партитурата на неговата славна опера.

Диригент на претставата е Бисера Чадловска, а режисер е Александар Текелиев од Бугарија. Сценографијата е дело на Живојин Трајановиќ, а костимографијата ја изработи Лира Грабул. Концерт-мајстор на операта е Климент Тодороски, а хор-мајстори се Јасмина Ѓорѓеска и Ѓургица Дашиќ. Во насловната улога на операта ќе настапи Сандра Митровска, во улогата на Пинкертон ќе настапи Зоран Сотиров и во улогата на Шарплес – Марјан Јованоски.

Останатите улоги ги играат Марика Поповиќ, Дејан Стоев, Невен Силјановски, Игор Гиновски, Соња Пендовска Мадевска, Валентина Димитриевска, Калин Бајевски, Марко Димовски, Марко Гапо, Дарко Станојловски, Борко Биџовски, Филип Мирчевски, Никола Чедомировски, Шинаси Рамадан, заедно со хорот и оркестарот на Национална опера и балет.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни