Мачор кој го изгубил својот помал брат секој ден го посетува неговиот гроб

Загубата на член на семејството е болно за сите, вклучувајќи ги и нашите миленици. Иако некои луѓе мислат дека мачките се рамнодушни животни, видеото споделено на TikTok од сопственичката на мачорот го докажува спротивното.

Нејзините миленици, мачорот Беар и неговиот помлад брат Бу, беа неразделни се додека Бу не умре на почетокот на јуни оваа година. Рајкрофт и нејзиното семејство го закопаа Бу во дворот, а Беар беше толку погоден од смртта на неговиот помал брат што тој и одбива да се помести од гробот.

@taliarycroft

Someone give me thr WHOLE box of tissues im so sad 🤍🖤 #fypシ゚viral #fyp #foryoupage #foryou #cat #sad #viral #viraltiktok

♬ Let time pass – Melia

Во првото видео кое Рајкрофт го сподели, можеме да го видиме Беар како лежи на гробот, додека во второто видео го гледаме како си игра и го копа гробот. Иако неговата сопственичка првично мислела дека копа во земја затоа што треба да се олесни, таа набрзо сфатила дека тој само сака да го види својот брат.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Најново

Последни колумни