Од 27 до 29 септември, ќе се одржи Маалски фестивал кој е организиран во соработка со Општина Центар – Скопје а оваа година ќе се одвива на две локации, кај домаќинот КСП Центар Јадро и во Паркот на франкофонија и Мобилна / Монтажна Галерија.
Го најавуваат како маалски дух без ароганција, изложби, концерти, филмски проекции, базари, работилници и комшиски зафрканции.
,,Ова издание ги сплотува уметниците и публиката за подобри јавни простори, го поттикнува детскиот џагор на улиците со бројни работилници, а низ трите фестивалски дена, ќе слушаме музика од бројни бендови, што ќе опфатат повеќе трендови. Ги покануваме сите соседи и пријатели заедно да продолжиме да ја создаваме нашата маалска приказна” порачуваат организаторите.
Маалски фестивал се реализира со финансиска поддршка на Министерство за култура.