„Маалски бувљак“ во Железара: Дајте му нов живот на „старото“

Во дворот на културниот простор „Комбо“ во скопската населба Железара се одржа несекојдневен настан што го спои корисното со креативното – „маалски бувљак“ посветен на реупотреба, дружење и заживување на заедницата.

Настанот, организиран во соработка со Europe House, привлече голем број граѓани кои дојдоа да разгледаат, разменат и купат предмети од „втора рака“ – од облека, книги и накит до антиквитети и уметнички дела. Покрај пазарувањето, атмосферата беше исполнета со разговори, пријателства и инспирација.

Фокусот на бувљакот беше ставен на одржливи навики и размислување пред фрлање на „старото“.

„Дали можеме да го реставрираме и користиме повторно?“ беше прашањето кое стоеше зад секој предмет на маса. Идејата е јасна: помалку отпад, повеќе вредност, и посилна заедница.

Организаторите се надеваат дека овој настан ќе стане традиција во Железара и пошироко, бидејќи ваквите маалски собири не само што имаат позитивен еколошки ефект, туку и ја оживуваат културната сцена и го поттикнуваат локалното претприемништво.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни