Настанот, организиран во соработка со Europe House, привлече голем број граѓани кои дојдоа да разгледаат, разменат и купат предмети од „втора рака“ – од облека, книги и накит до антиквитети и уметнички дела. Покрај пазарувањето, атмосферата беше исполнета со разговори, пријателства и инспирација.

Фокусот на бувљакот беше ставен на одржливи навики и размислување пред фрлање на „старото“.
„Дали можеме да го реставрираме и користиме повторно?“ беше прашањето кое стоеше зад секој предмет на маса. Идејата е јасна: помалку отпад, повеќе вредност, и посилна заедница.

Организаторите се надеваат дека овој настан ќе стане традиција во Железара и пошироко, бидејќи ваквите маалски собири не само што имаат позитивен еколошки ефект, туку и ја оживуваат културната сцена и го поттикнуваат локалното претприемништво.

