МААЕ: Нападите врз иранската нуклеарна централа би можеле да предизвикаат катастрофа

Нуклеарната електрана, опремена со реактор од 1.000 мегавати, е погодена четири пати од почетокот на војната меѓу САД, Израел и Иран

Mеѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) предупреди дека нападите во близина на нуклеарната централа Бушер во Иран претставуваат сериозна закана за нуклеарната безбедност.

Електраната на југот од земјата, опремена со реактор од 1.000 мегавати, е погодена четири пати од почетокот на војната меѓу САД, Израел и Иран.

„Вистинска опасност од нуклеарна несреќа“

Директорот на МААЕ, Рафаел Гроси, предупреди дека понатамошните напади би можеле да имаат сериозни последици. „Нападите во близина на ова подрачје би можеле да предизвикаат сериозна радиолошка несреќа со последици за луѓето и животната средина во Иран и пошироко“, рече тој.

Тој додаде дека еден од нападите погодил област на само 75 метри од периметарот на електраната. „Нуклеарните централи и нивната околина никогаш не смеат да бидат цел на напад“, рече Гроси.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни