Мајкрософт гради „дигитален близнак“ на Нотр Дам: Ја подобрува поддршката за европските јазици во своите модели на вештачка интелигенција

Мајкрософт објави дека во соработка со француските културни инстиутции и стартапот Icon, со помош на вештачка интелигенција и напредна 3D технологија ќе создавање дигитална реплика на катедралата Нотр Дам.

Мајкрософт, во соработка со француските културни институции, ќе ја дигитализира не само познатата катедрала Нотр Дам, туку и историските сценографии од опери, како и милиони културни артефакти.

Потребни беа пет години за обнова на катедралата Нотр Дам по катастрофалниот пожар, но како што забележа претседателот на Мајкрософт, Бред Смит, минатиот ноември, создавањето дигитален еквивалент би било многу поедноставно.

Во понеделник беше објавено дека идејата сега станува реалност, при што катедралата од 1345 година добива своја дигитална реплика.

Репликата на Нотр Дам е соработка помеѓу Мајкрософт, француското Министерство за култура (Институт за наследство) и стартапот Iconem, користејќи напредни техники за снимање и вештачка интелигенција (ВИ).

„Целта е трајно да се зачува секој детаљ од Нотр Дам во дигитална форма, така што нејзината структура, историја и симболика ќе останат достапни и заштитени за идните генерации“, напиша Смит во блог пост.

Дигиталниот близнак ќе биде дониран на француската држава и ќе може да се користи за цели на зачувување, но и да биде изложен во идниот музеј Нотр Дам во Париз.

Дигитализација на културните богатства

Проектот, исто така, вклучува дигитализација на историски сценографии од опери и милиони културни предмети, вклучувајќи 1.500 модели на сцени од претстави во Националната опера во Париз, од периодот помеѓу 1800 и 1914 година.

Мајкрософт наведува дека целта на проектот е да им овозможи на што е можно повеќе луѓе пристап до овие колекции, преку интерактивни искуства на нивните сопствени дигитални платформи.

Точниот буџет и датумот на завршување на проектот сè уште не се познати, но Смит за француските медиуми изјави дека целиот потфат ќе трае најмалку една година и веројатно ќе чини неколку милиони долари.

Проектот е продолжение на претходната соработка со Ватикан за дигитализација на базиликата „Свети Петар“.

Вештачка интелигенција и европски јазици

„Мајкрософт“ исто така го објави проширувањето на своите иновативни центри во Стразбур, со цел зајакнување на поддршката за европските јазици во развојот на модели на вештачка интелигенција, особено недоволно застапените, со цел вештачката интелигенција да стане поинклузивна и подостапна.

„Виндоус“ моментално поддржува 90 јазици, вклучувајќи 24 официјални јазици на ЕУ, како и баскиски, каталонски, галициски и луксембуршки.

Американската компанија планира да ја прошири и збогати базата на податоци за повеќејазични модели со собирање звучни снимки од платформата „ГитХуб“, кои подоцна ќе бидат јавно достапни на платформата „Хагинг Фејс“, добро позната заедница за развој на модели на вештачка интелигенција.

Европски дигитален проект

„Мајкрософт“ се обидува да го зајакне своето присуство во Европа и претходно оваа година објави план наречен „Европски дигитални обврски“.

Компанијата вели дека има за цел да ја прошири вештачката интелигенција и облачната инфраструктура, да ја зајакне заштитата на податоците и дигиталната отпорност, да ја подобри сајбер безбедноста и да го поддржи дигиталниот суверенитет на Европа.

Од друга страна, Европа развива и свои модели и инфраструктура за вештачка интелигенција, со цел да се намали зависноста од големите технолошки компании.

Ова вклучува соработка во собирањето повеќејазични текстуални и аудио податоци од GitHub, кои ќе бидат заеднички обработени со помош на Hugging Face, како клучен партнер во отворањето пристап до овие ресурси за пошироката заедница.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни