Мајкл Мур: Американскиот здравствен систем треба да се фрли во ѓубре

Американскиот филмски продуцент и режисер Мајкл Мур повика на целосна реформа на американскиот здравствен систем, сугерирајќи дека сегашниот систем треба да се „фрли во ѓубре“.
Фото: nicolas genin, CC BY-SA 2.0, via Wikimedia Commons

„Решението е едноставно. Фрлете го целиот овој систем во ѓубре, разбијте ја оваа неморална индустрија која профитира од животите на човечките суштества и капитализира од нашата смрт, која не убива или не остава да умреме. Уништете го сето тоа и наместо тоа, дајте ни исти здравствени осигурувања како и сите други цивилизирани земји –  универзално, бесплатно, солидарно и полно со живот“, напиша Мур во авторската статија со наслов „Јас не сум еден од нив“, пренесува порталот Вашингтон Хил.

Мур рече дека по минатонеделното убиство на извршниот директор на United Healthcare Брајан Томпсон, гневот на јавноста е насочен кон тој тип на здравствено осигурување.

„По убиството на извршниот директор на United Healthcare, најголемата од тие милијардерски осигурителни компании, веднаш дојде до излив на гнев кон индустријата за здравствено осигурување. Но, некои луѓе го свртеа своето внимание кон себе за да го осудат овој гнев“, напиша Мур.

Мур оцени дека гневот во јавноста е „1000 отсто оправдан“ и рече дека сака „да долее масло на тој оган“.

Томпсон беше застрелан минатата недела пред хотел во Менхетен во средината на градот, каде што групата United Healthcare ја одржуваше својата годишна конференција за инвеститори.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни