„Срцето ми е скршено дека ја загубив мајка ми изминатиот викенд“ соопшти Кери во понедленикот. „За жал, во трагична серија на настани и сестра ми го загуби животот истиот ден“.
Пејачката не сподели повеќе детали за смртта на нејзините мајка и сестра, но кажа дека е благословена што можела да помине повеќе време со нејзината мајка во неделата пред нејзината смрт и побара приватност во овие тешки моменти.
Патриша, која имаше 87 години, е поранешна оперска пејачка и вокален тренер со ирско-американско потекло.
Во мемоарите објавни во 2020 година, „Значењето на Мараја Кери“, пејачката напиша дека имала комплицирани односи со нејзината мајка, но повеќе пати изјавуваше дека е благодарна што ја насочила кон музиката.
Во своите мемоари, Мараја Кери исто така напишала дека се оддалечила од сестрите и братот Морган, наведувајќи дека за неа е емоционално и физички посигурно да нема никакви односи со нив.
Сестрата Алисон ја тужеше пејачката по објавувањето на мемоарите, барајќи 1,2 милиони долари, бидејќи ѝ нанела емотивна болка.