На Школка во Градски парк се појави моќна уметничка интервенција: пресликан лик на Мајка Тереза, но со марама преку носот.
Овој графит доаѓа во момент кога Скопје повторно се гуши во чад и отрови – поради активни пожари на диви депонии, палење отпад и хроничното загадување на воздухот. Градот е без ветер, без дожд, но со дим што се чувствува на секој агол.


Необичниот избор на симбол – Мајка Тереза, синоним за сочувство и грижа – носи силна порака. Кога дури и неа ја „задушува“ воздухот во родниот град, дали работите навистина се излезени од контрола?
Ова не е само графит – ова е протест. Тивка, но громогласна реакција на реалноста во која дури и ѕидовите не можат да молчат.