2,4 милиони прегледи

Мајка и го покажа магнетофонот на ќерката тинејџерка, видеото е хит

Ако припаѓате во групата на луѓе кои знаат да користат магнетофон, извинете, но вие стареете, а ова видео е најдобар доказ за тоа.

Имено, мајка на тинејџерка направила мал експеримент и на својата ќерка и покажала магнетофон. Девојката за прв пат го видела овој необичен уред и заклучила дека „изгледа како ДВД-плеер“. Тогаш мајка и ѝ дала задача да ја вметне касетата и оттука почнала неволјата.

Полесно е да одите на Spotify
„Како да го ставам? Немам поим што правам. Мамо, се плашам. Не сакам да го скршам. Ова трае премногу долго”, рече таа додека се обидуваше да ја турне касетата вертикално.

На крајот и успеа, но потоа не знаеше како да го вклучи магнетофонот. Беше изненадена кога успеа и кога музиката почна да свири. Сепак, не и се допадна целиот процес, па одлучи дека е полесно да оди на Spotify.

„Таа едноставно не знае колку беше убаво да се има касети и касетофон. 80-тите беа закон“, заклучила нејзината мајка со видеото кое е прегледано повеќе од 2,4 милиони пати.

Извор: ТикТок

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни