Мајк Зафировски до младите претприемачи: Секогаш фокусирајте се на корисниците на вашиот производ и проблемите кои ги решавате

Во последната епизода на „Што го врти светот“, соговорник на Јована е Мајк Зафировски. Македонец кој бил на водечки позиции во компании како: Генерал Електрик, Моторола, Боинг, Нортел и многу други. А пред 6 години и самиот станува претприемач основајќи сопствена компанија. Тој за младите претприемачи од Македонија вели дека адаптибилноста е многу важна, особено за мала држава.

  • Кога создавате некој производ, секогаш треба да мислите на потрошувачите и кој проблем го решавате за нив. Луѓето многу често се вљубуваат во технологијата. Често претприемачи ми приоѓаат и ми вела: Мајк, погледни ја оваа апликација! Види колку добро е направена. Јас им велам, супер е апликацијата. Но излези на кафе, побарај го човекот кој ти треба. Ако се работи за маркетинг директор или за некој кој е задолжен за набавки. Поминувај помалку време сам, со својата технологија и оди, види го него. – вели, Зафировски.

Мајк вели дека Им препорачувам на претприемачите да се фокусираат на развој бизнис моделот и на вредноста која ја создаваат, наместо да се вљубуваат во својата технологија. Тоа е честа грешка за многу претприемачи. Тој препорачува и враќање кон заедницата.

  • На пример како програми слични на оваа. Ние мислиме дека тоа е некоја привилегија, да бидеме одбрани за да зборуваме тука. Но, секој од нас има нешто кое вреди да се пренесе и можност да биде Ментор за другите.

Што друго споделува Зафировски во „Што го врти светот“, а е поврзано и со технологиите кои ќе бидат клучни за развој во оваа и следните години, но и за личниот успех и носењето тешки одлуки погледнете во последната епизода од Поткастот.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни