Мајли Сајрус ја освои својата прва Греми награда – ,,Flowers’’ прогласена за песна на годината  

Мајли Сајрус ја освои својата прва Греми наградата за песна на годината за нејзиниот хит „Flowers” и несомнено се забавуваше најмногу од сите на церемонијата за доделување на наградите.

„Оваа награда е неверојатна, но навистина се надевам дека нема да промени ништо бидејќи мојот живот беше убав и досега. Не секој во светот ќе добие Греми, но сите на овој свет се спектакуларни. Затоа, немојте да мислите дека ова е важно, иако е многу важно“. – истакна таа по прифаќањето на наградата.

Откако им се заблагодари на сите од нејзиниот тим и семејството, Сајрус се пошегува:
„Ви благодарам многу на сите. Мислам дека не заборавив никого. Но, можеби ја заборавив долната облека. Чао!”

Набргу откако го освои златниот грамофон за најдобра песна, при изведбата на нејзиниот хит „Flowers“ , таа ја искористи можноста на поинаков начин да испее дел од песната.

Ова беше прва изведба на песната на Сајрус во живо, која беше објавена во март минатата година и дел од нејзиниот албум „Endless Summer Vacation“ од 2023 година.

Минатиот месец, ,,Flowers” одбележа 37 недели на првото место на Billboard’s Adult Contemporary, соборувајќи го рекордот за најдолга песна што го задржала местото.

Извор: https://edition.cnn.com/2024/02/04/entertainment/miley-cyrus-is-living-her-best-life-at-the-grammys-after-her-first-ever-win/index.html

Најново

Последни колумни