Мајкрософт го отстранува WordPad од Windows по речиси 30 години

WordPad повеќе нема да биде составен дел од ажурирањето и целосно ќе биде отстранет од оперативниот систем Windows. Од компанијата оваа одлука ја донесоа како заклучок на тоа дека е време да се отстранат застарените функции на оперативниот систем Windows.

„WordPad повеќе не се ажурира и ќе биде отстранет во идното издание на Windows“, се вели во објавата од Microsoft. „Препорачуваме Microsoft Word за богати текстуални документи како .doc и .rtf и Windows Notepad за документи со обичен текст како .txt.“.

Веста за отстранувањето на WordPad доаѓа само ден подоцна откако Microsoft откри дека работи на надградување на Notepad со функции како автоматско зачувување и обновување на документите. Од друга страна, Мајкрософт ја ажурираше својата апликација Windows Notepad во 2018 година за прв пат по неколку години и продолжи да додава јазичиња во верзијата на Windows 11.

Сепак, Мајкрософт сега целосно ќе го отстрани WordPad во „идно издание на Windows“, кое најверојатно ќе биде верзијата за Windows 12 што очекуваме да ја видиме во 2024 година со многу функции надополнети со помош на вештачка интелигенција.

Извор: theverge.com

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни