Мајкл Џеј Фокс доби овации на доделувањето на БАФТА наградите

Филмската икона Мајкал Џеј Фокс кој одамна се бори со Паркинсоновата болест ги изненади сите кога се појави на доделувањето на БАФТА наградите во неделата во Лондон.

Ѕвездата на „Враќање во иднината“ беше пречекан со воодушевувачки аплауз а го најави водителот на настанот, ѕвездата на „Доктор Ху“ Дејвид Тенант, кој го опиша како „вистинска легенда на кинематографијата“.

Петкратниот добитник на ,,Emmy’’ награди кој има и четири Златни глобуси, Греми и две награди од здружението на актерите, излезе на сцената во инвалидска количка и без помош направи неколку чекори до подиумот.

Меѓу познатите личности во публиката кои му ракоплескаа беа и Маргот Роби,Бредли Купер,Рајан Гослинг… а легндарниот филмски актер од 80тите беше видно трогнат од реакцијата.

При врачувањето на наградата тој изјави:

„Вечерва се номинирани пет филма во оваа категорија и сите пет имаат нешто заедничко. Тие се најдобри од она што го правиме. Без разлика кои сме или од каде сме, овие филмови можат да не зближат. Има причина зошто се вели дека филмовите се магични, бидејќи филмовите можат да ви го променат денот. Тие можат да го променат вашиот изглед. Понекогаш тоа може да ви го промени животот“.

Мајкл имал само 29 години кога му била дијагностицирана Паркинсонова болест, а информацијата за својата болест ја објавил во 1998 година.

Извор: https://edition.cnn.com/2024/02/19/entertainment/michael-j-fox-baftas-gbr-intl-scli/index.html

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Најново

Последни колумни