М23 го заземаа Валикале, уште еден клучен град во источниот дел на ДР Конго

Бунтовниците од групата М23 го зазедоа рударскиот центар и покрај повиците за прекин на огнот од ДРК и од Руанда.

Бунтовниците поддржани од Руанда го зазедоа рударскиот центар во провинцијата Северен Киву „речиси без борба“, објави Радио Окапи, радио служба на Обединетите нации во Демократската Република Конго. Безбедносни извори во областа денеска го потврдија заземањето на градот за новинската агенција АФП.

Фистон Мисона, граѓански активист во Валикале, за новинската агенција Ројтерс рекол: „Бунтовниците сега се видливи во центарот на градот. Има најмалку седум повредени кои се во општата болница“.


Од друга страна, извор на М23 за Ројтерс изјавил дека бунтовниците целосно го контролираат Валикале. Заземањето на Валикале ја означува најдалечната точка на запад каде што напредувала групата во внатрешноста на ДРК откако за прв пат се појави во 2012 година.

Овие настани се случуваат еден ден откако конгоанскиот претседател Феликс Цисекеди и неговиот колега од Руанда, Пол Кагаме, повикаа на итен прекин на огнот и безусловен прекин на непријателствата за време на разговорите во Доха, Катар.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни