М-р. Анастазија Наумовски, психолог и гешталт терапевт:

Никој од нас не е истиот човек после доживувањето на оваа колективна траума

Се вели дека 40 дена е потребно за процесот на обжалување да започне во насока на прифаќање. До тогаш, телото манифестира реакции, а  мислата пробува да се стабилизира. Оди во насока од безволност (не сакам да станам од кревет), апатија (не знам што чувствувам), амбивалентност( постоење на контрадикторно чувство) , појава на лутина ( префрлување на кривица), вина (зошто јас не бев на тоа место) до прифаќање и работа на ново настаната животна адаптација.  Децата сакаат да се чувствуваат безбедно и тоа е нешто кое што ние како возрасни треба да им го нагласуваме. Безбедноста дава чувство на смиреност и припадност, а тоа чувство сега е разнишано кај секој од нас без разлика дали е дете или возрасен.

Големиот пожар кој избувна во дискотека во Кочани и кој резултираше со трагични последици, остави длабоки трауми кај сите нас, особено кај децата, кај оние кои ја преживееа трагедијата но и кај сите кои деновиве се сведоци на колективната тага и болка. Трагедијата не само што го потресе целото општество, туку и создаде големи психолошки последици кај младите кои биле изложени на страшните сцени на насилна смрт и хаос. Прекршените психолошки бариери, стравот од изгубените животи и чувството на безизлезност создадоа сериозни трауми кои ќе бараат долгорочна поддршка и терапија за децата да се опорават од оваа страшна трагедија. За сето ова разговаравме со м-р. Анастазија Наумовски, психолог и гешталт терапевт. „Прифаќањето дека не секогаш можеме да исконтролираме што ќе дојде, но и прифаќање дека оние кои најмногу ни значеле, не се повеќе со нас. Тоа инволвира ново секојдневие, нови рутини, нови разговори…. Семејствата на најблиските во првите две недели се во шок и неверство, каде присуството на најблиското опкружување е од големо значење, преку носење на намирници, потсетување за употреба на најосновни работи како храна и вода кои во вакви кризни ситуации телото ги одбива поради доживување на стрес. Присуството и поддршката е доволна во тие моменти на тага. После третата недела почнуваат да се активираат дополнително сите емоции и важно е во тој момент да се примени активна психолошка помош во насока на активно слушање, договор за секојдневен план, емпатија, трпеливост без нудење на одговори и решенија кои не се во сооднос со ситуацијата“ вели таа.

Tрн: Какви се типичните психолошки реакции на младите лица кои преживеале трагедија, како оваа во Кочани кога загинаа голем број нивни врсници?


Анастазија: Првата психолошка помош во криза е од значајна улога кога се случува ваква траума. Очекувани реакции кај децата се првично шок, висока вознемиреност, тага која мoже да биде проследена со бес, лутина и на крај вина. Толку емоции на едно место, испомешани, значајни да бидат препознаени, уважени, обработени со стручно лице. Но НЕ по секоја цена веднаш по траумата, бидејќи првичните реакции на ваков тип на траума се препознатливи по реакцијата на телото. Се појавуваат нагони на повраќање, постојана плачливост, главоболие, безволност па дури и обид да се посегне по својот живот. Затоа психолошката интервенција некогаш не е многу гласна, туку инволвира тишина, внимателно активно слушање, покажување на емпатија и присутност за сите оние кои ја бараат. Секој не сака во првите две недели додека манифестацијата на оваа симптоматологија е силна, да зборува за истата. Секој не сака да ја отвори душата пред некој што го запонава во состојба на траума. Затоа е значајно во тие ситуации да се држи полето на оној кој поминува низ оваа загуба со давање на поддршка во насока на присустност и споделување на емоцијата дополнително и од страна на најблискиот круг на роднини и пријатели.

Tрн: Какви симптоми на посттрауматски стрес може да се развијат кај децата по таква трагедија и како да ја препознаеме?

Анастазија: Се вели дека 40 дена е потребно за процесот на обжалување да започне во насока на прифаќање. До тогаш, телото манифестира реакции, а  мислата пробува да се стабилизира. Оди во насока од безволност (не сакам да станам од кревет), апатија (не знам што чувствувам), амбивалентност( постоење на контрадикторно чувство) , појава на лутина ( префрлување на кривица), вина (зошто јас не бев на тоа место) до прифаќање и работа на ново настаната животна адаптација.  Децата сакаат да се чувствуваат безбедно и тоа е нешто кое што ние како возрасни треба да им го нагласуваме. Безбедноста дава чувство на смиреност и припадност, а тоа чувство сега е разнишано кај секој од нас без разлика дали е дете или возрасен. Ќе треба доста време за сите психолошки механизми на одбрана да ни се вратат во функција а особено кај децата. Децата се љубопитни и ќе бараат одговори на многу прашања без разлика дали до крај го разбираат значењето на тоа прашање, родителот треба да даде соодветен одговор во сооднос со возраста на детето. Може да се употреби цртеж за најмалите, на тој начин да ги пресликаат нивните актуелни емоции и внатрешно чувство, кај адолесцентите да се зборува за нивната безбедност и поддршка од страна на најблиските како и потенцирање на чувството за припадност. До тогаш нашата присутност, емпатија, сослушување а во оваа ситуација да бидам искрена мислам дека во наредните минимум две недели најважна е тишината, празнината што ја чувствуваме да си дозволиме да биде присутна, за на тој начин да ја уважиме, па понатаму да го отпочнеме процесот на обжалување.

Мислам дека за жал ова ќе не прати уште долг период

Tрн: Кои се најдобрите психотерапевстки методи или пристапи за помагање на децата да се справат со губитокот на пријатели или роднини во такви трагедии?

Анастазија: Не постои најдобра или единствена психотерапевтска метода во моментов, би рекла дека постои процес на гледање и уважување на болката и траумата, за да се дојде до адаптација и градење на его капацитети  преку разговор, советување, па понатаму психотерапија кога ќе отпочне процесот на обжалување. Соодветно на возраста, најмалите можат да цртаат бидеќи цртањето е еден од начините за искажување на се она што усмено не можеме да го кажеме. Кажувањето на глас значи уважување на состојбата во која се наоѓаме, значи соочување и понатаму процес на прифаќање на истата. За адолесцентите, важно е да сме присутни, да ги советуваме во насока на безбедност, па понатаму вежби кои помагаат за намалување на тензијата во телото, намалувањето на вината, уважувањето на тагата и потребата за тишина, па кога се спремни да се почне психотерапија во насока на адаптација и прифаќање на се она што се случило а не било во нивна контрола. Прифаќање дека не секогаш можеме да исконтролираме што ќе дојде, но и прифаќање дека оние кои најмногу ни значеле, не се повеќе со нас. Тоа инволвира ново секојдневие, нови рутини, нови разговори…. Семејствата на најблиските во првите две недели се во шок и неверство, каде присуството на најблиското опкружување е од големо значење, преку носење на намирници, потсетување за употреба на најосновни работи како храна и вода кои во вакви кризни ситуации телото ги одбива поради доживување на стрес. Присуството и поддршката е доволна во тие моменти на тага. После третата недела почнуваат да се активираат дополнително сите емоции и важно е во тој момент да се примени активна психолошка помош во насока на активно слушање, договор за секојдневен план, емпатија, трпеливост без нудење на одговори и решенија кои не се во сооднос со ситуацијата.

Tрн: Како да им се помогне на децата да се справат со чувството на безнадежност или страв што може да се појави по ваква трагедија?

Анастазија:В еќе потенцирав колку е важно да се даде простор за тишината и празнината да се уважат. Но постои и ризик фактор посебно кај адолесцентите кои загубиле блиски особи да го развијат чувството на безнадежност во депресија или висока аксиозност која може дури да ги доведе до нефукционалност на секојдневен план. Првичните реакции на повлекување во себе, не внесување на доволна количина на храна и вода може да не загрижат и да претставуваат “апел за помош” на особата. Со други зборови, тоа би значело дека сите психолошки механизми на одбрана се намалени и телото не наоѓа ни минимален капацитет да се справи со состојбата. Тоа не значи дека ова не се здрави особи, напротив сите ние без разлика на деца или возрасни можеме да се најдеме во состојба каде што ќе ни биде потребно психолошко советување во насока на адаптација и прифаќање на суровоста на животот. Овие состојби се аларманти бидејќи можат да доведат и до појава на негативни мисли кои можат да предизвикаат и обид за суицид.

Tрн: Како родителите и наставниците можат да ја поддржат психолошката благосостојба на децата кои биле директно или индиректно погодени од трагедијата?

Анастазија:За децата е важно да живеат и растат во безбедна средина. Тоа значи да имаат родители или старатели кои им пружаат внимание и љубов, имаат обезбедено храна и покрив над глава. Децата учат од родителите и се што ќе им биде пласирано како поведение, разговор, воспитни мерки, тие тоа ќе го применат во секојдневието. Најчесто децата ги зајакнуваат своите одбранбени механизми со зајакнување на секојдневната комуникација со родителите и врсниците. Обезбедувањето на пример за како се одвива еден разговор, топла средина на живеење, комуникација со социјалната средина како и спортувањето се најважните сегменти од животот на едно дете. Здрав родител допринесува до развој на здраво дете. За на долгорочен план детето да прерасне во психолошки здраво дете, родителите треба секојдневно да им се посветуваат на своите деца со поминување на квалитетно време со нив, преку разговори да им дадат пример за како се покажуваат и искажуваат емоциите, да бидат активни слушатели, да обезбедат поддршка кога им е потребна на нивните деца. На тој начин децата учат да прераснат во здрави индивидуи со свои каракеристики и спонтаност.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни