М-НАВ успешно ја заврши демонтажата на стариот радар на Меѓународниот Аеродром Скопје

М-НАВ ги финализираше градежните активности за отстранување на стариот радар на скопскиот аеродром. Процесот е завршен без нарушување на воздушниот сообраќај и ја отвора патеката за поставување на нова, модерна опрема.

Компанијата М-НАВ денеска информира дека успешно ги заврши преостанатите градежни работи за демонтажа на старата радарска станица на Меѓународниот Аеродром Скопје.

Демонтажата се спроведуваше во услови на магла и намалена видливост, но активностите беа изведени безбедно и без никакво влијание врз динамиката на воздушниот сообраќај.

Со завршувањето на оваа фаза, процесот на отстранување на нефункционалниот радар е комплетиран, што е неопходен чекор за следните активности, поврзани со поставување на нова, модерна радарска опрема на аеродромот.

М-НАВ ја истакнува својата посветеност на безбедноста и непреченото функционирање на воздушниот сообраќај, како и на навремено и стручно извршување на сите планирани задачи.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни