Мјанмар: Бројот на жртви од земјотресот надминува 3.000 – Работата на спасувачите станува сè потешка

Смртниот биланс од моќниот земјотрес што го погоди Мјанмар минатиот петок надмина 3.000, а стотици луѓе сè уште се водат за исчезнати. Прогнозирано е дека необични дождови ќе ја отежнат работата на спасувачите и дистрибуцијата на помош.

Земјотресот со магнитуда од 7.7 беше најсилниот што ја погоди оваа област во последните сто години. Шест региони на земјата, во кои живеат 28 милиони луѓе, беа најпогодени, со срушени згради, целосно уништени заедници и жители без храна, вода и покрив над главата.

Според објавата на Јапонската амбасада во Мјанмар преку Фејсбук, бројот на жртви достигнал 3.003, додека 4.515 луѓе се повредени и 351 се исчезнати.

Метеоролозите предупредуваат дека се очекуваат обилни дождови во Мјанмар од недела до 11 април во областите кои се најпогодени од земјотресот, како што се Мандалај, Сагаинг и Непјидо.

„Врне и има уште премногу луѓе заглавени под урнатините“, изјави еден од спасувачите. „Особено во Мандалај, ако започне да врне дожд, луѓето што се затрупани ќе се удават, дури и ако се преживеале до сега“, додаде тој.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни