Луѓето врескаат и бегаат од вулканот: Драматична снимка од Етна, се урна дел од кратерот (Видео)

Вулканот Етна еруптираше денеска, а на социјалните мрежи се појавија нови, драматични снимки.

Денеска еруптираше вулканот Етна, а на социјалните мрежи се шират драматични снимки од Сицилија, Италија. Вулканот работел во време кога имало поголема група туристи.

Националниот институт за геофизика и вулканологија, опсерваторијата Етна во Катанија ја објави ерупцијата на вулканот. Ерупцијата била предизвикана од пирокластичен тек, се сомнева дека ерупцијата е предизвикана од уривање на материјал од северниот дел на југоисточниот кратер.

Како што може да се види на социјалните мрежи, група туристи била во близина на кратерот и веднаш почнале да се спуштаат. Центарот на вулканска активност се наоѓа во областа на југоисточниот кратер.

Од кратерот излегува густ црн чад. Група туристи и планинари панично избегале во моментот на ерупцијата.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни