Луѓето во некои професии се едноставно секс маратонци

Иако многумина се обиделе да дадат одговор, преку разни истражувања, се уште не е точно утврдено колкав е тој број кој ќе им годи и на двата партнера. Сепак едни сметаат дека дури и неколку партии секс на ден не се многу, додека за други е сосема доволно и еднаш до два пати во текот на една седмица.

Како и да е, британската компанија „Bed SOS“ се одлучи за едно поинакво истражување, односно каква е поврзаноста на професијата на луѓето и нивната желба и потреба за секс во текот на неделата.

Резултатите ги изненадиле, па дури и збуниле и самите истражувачи. Се потврдило дека професијата игра важна улога кога се работи за либидото.

Тие изработиле листа на професии во кои луѓето имаат најмногу интимни односи во период од седум дена.

Уметници и дизајнери: 4,4 пати
Здравство: 3,7 пати
Финансии: 3,6 пати
Менаџмент на човечки ресурси: 3,5 пати
ИТ: 3,4 пати
Малопродажба: 3,3 пати

Луѓето генерално треба да водат љубов два или три пати неделно. Тоа е најздраво и за физичкото и за менталното здравје. За жал, поради темпото на живот многумина имаат секс и само еднаш неделно, рече сексолог и истражувач од „Bed SOS“.

Извор: lepotaizdravje.rs

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни