Не се водат од желбата за признание, не ги објавуваат своите добри дела и не очекуваат ништо за возврат. Најважно им е сознанието дека некому го разубавиле денот.
Ако им веруваме на ѕвездите, постои еден хороскопски знак во кој најчесто се раѓаат вакви луѓе – луѓе кои ве гушкаат со поглед, лекуваат со зборови и секогаш имаат место за уште едно пријателство, уште еден убав гест, уште едно: „Тука сум ако ти затреба“.
Риби: Тивките херои на Зодијакот
Рибите можеби не се најгласни, најодважни или најорганизирани, но кога станува збор за топлина на срцето – ретко кој може да им парира. Нивната емпатија е безгранична, а способноста да се стават во кожата на другиот – речиси неверојатна.
Рибите сакаат да помагаат, не затоа што така треба, туку затоа што навистина ги исполнува туѓата среќа. Ќе ви испратат порака во два часот по полноќ ако почувствуваат дека сте тажни, ќе ви купат ситница што ги потсетила на вас, ќе ве слушаат и тогаш кога и самите си здосадувате – и никогаш нема да ви го замерат тоа.
Во нивниот свет, луѓето не се бројки, ниту минувачи – секој има своја приказна, а секоја приказна за нив е важна.
Можеби понекогаш забораваат на себе, бидејќи толку силно се трудат да бидат тука за другите, но токму во таа несебичност лежи нивната вистинска сила. Тие нè потсетуваат дека добрината не е слабост, туку најтивкиот облик на храброст. И дека племенитоста не бара сцена – туку само отворено срце.