Луѓето кои почнуваат да пушат од тинејџерските години имаат помалку сива материја во мозокот

Фото: Shutterstock/pikselstock

Младите луѓе кои развиваат навика за пушење имаат тенденција да доживеат намалување на сивата материја во мозокот што го контролира управувањето со задоволството до крајот на нивните тинејџерски години.

Тоа го вели студијата за влијанието на пушењето врз адолесцентите и младите во Велика Британија, Франција, Германија и Ирска, спроведена од универзитетите во Кембриџ, Фудан и Ворвик, а резултатите беа објавени во списанието „Nature Communications“.

Откако ги споредиле резултатите од снимањето на мозокот на учесниците кои почнале да пушат на 14-годишна возраст со оние кои не пушеле, и ја повториле постапката за истите учесници на возраст од 19 и 23 години, тие откриле дека „во просек, тинејџерите кои почнале да пушат од 14-годишна возраст имаат значително помалку сива материја во делот на левиот фронтален лобус поврзан со одлучување и кршење на правилата“.

Сивата материја, ткивото што ги обработува информациите и ги содржи сите неврони, го достигнува својот врв пред адолесценцијата, иако целокупниот развој на мозокот продолжува до зрелоста.

Тимот на научници, исто така, откри дека луѓето кои почнале да пушат на 14-годишна возраст имале „губење на сивата материја во десниот префронтален кортекс“, кој исто така е дел од мозокот поврзан со обилно пиење и употреба на марихуана.

„Помалку сива материја во овој дел од мозокот може да ја ограничи когнитивната функција, што доведува до помала самоконтрола и склоност кон ризично однесување, како што е пушењето“, вели Барбара Сахакијан од Одделот за психијатрија на Универзитетот во Кембриџ.

Извор: N1

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни