Луѓето кои користат вештачка интелигенција ќе ги заменат тие кои не користат

Со поголемата вклученост на вештачката интелигенција во нашите животи ќе имаме повеќе слободно време, но најголема корист ќе имаат тие кои први ја прифаќаат. Луѓето кои користат вештачка интелигенција веројатно ќе ги заменат тие кои не ја користат, изјави за Трн.мк Елени Вертевури од UBS.

Вертевури учествуваше на третиот AI Tech Summit во Скопје каде што зборуваше за генеративната вештачка интелигенција во регулираните индустрии и за иднината на финансискиот сектор со вештачката интелигенција, а за Трн.мк се осврна на како таа ќе влијае на пазарот на труд.

„Вештачката интелигенција ги презема многу комплексните задачи кои бараат расудување, додека се уште се мачи да наполни машина за садови“ истакна Вертевури.

Таа смета дека вештачката интелигенција ќе продолжи да им служи на луѓето за да извршуваат помалку досадни задачи и да станат покреативни.

Во врска со напредокот на вештачката интелигенција во регулираните индустрии и банкарскиот сектор, Вертевури истакна дека се повеќе големи компании ја прифаќаат вештачката интелигенција, бидејќи гледаат дека носи поврат на инвестициите.

„Големите организации се како тенкови. Потребно им е време да сменат насока, но тие дефинитивно имаат капацитет да се движат побрзо“ потенцираше Вертевури за Трн.мк.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни