Париската обвинителка Лор Беко изјави дека според проценката на директорот на музејот, штетата е огромна, иако крадците нема да можат да добијат ни приближна сума доколку се обидат да ги растопат вредните парчиња.
„Дури и ако накитот биде продаден на црниот пазар, вредноста нема да достигне ни дел од таа проценка,“ нагласи Беко, пренесува France 24.
Истрагата во полн ек
Во истрагата се вклучени околу 100 инспектори, а не се исклучува можноста дека во планирањето на кражбата учествувале повеќе лица покрај четворицата директни извршители. Според досегашните наоди, крадците на 19 октомври со помош на кран за подигање мебел влегле во познатата Галерија „Аполон“ и украле девет парчиња накит од непроценлива културна вредност.
При бегството, крадците изгубиле еден од предметите — круната на царицата Евгенија, сопруга на Наполеон III, украсена со 1.354 дијаманти.
Кражбата предизвика силни реакции во Франција и пошироко, а културната јавност предупредува дека нападот врз еден од најпознатите музеи во светот претставува удар врз европското културно наследство.
Извор: N1info.rs