Лула: Бразил му одржа на светот лекција по демократија со апсењето и судењето на Болсонаро

Лула во Бразилија изјави дека апсењето на Болсонаро е „првпат некој да биде затворен за обид за државен удар во последните 500 години“

Бразил „му одржа лекција за демократија на светот“ со судењето и апсењето на поранешниот претседател Жаир Болсонаро, кој беше осуден на 27 години затвор за обид за државен удар, изјави денеска актуелниот претседател на земјата, Луиз Инасио Лула да Силва.

Лула, во Бразилија изјави дека апсењето на Болсонаро е „првпат некој да биде затворен за обид за државен удар во последните 500 години“.

Болсонаро беше обвинет од Врховниот суд во септември за заговор со високи воени функционери за да се спречи Лула да се врати на власт откако ќе победи на претседателските избори во октомври 2022 година.

Болсонаро од вчера го започна издржувањето на својата затворска казна.

„Среќен сум. Не поради нечие затворање. Среќен сум затоа што оваа земја покажа дека е подготвена да ја спроведе демократијата во нејзината најцелосна форма“, рече Лула во денешниот говор.

Тој додаде дека бразилското судство „ја покажало својата сила без да прави бучава, не било заплашено од надворешни закани и донело примерна пресуда“.

Судењето на Болсонаро предизвика тензии меѓу Бразил и САД, со оглед на тоа што тој е сојузник на американскиот претседател Доналд Трамп.

Трамп го окарактеризира процесот против Болсонаро како „лов на вештерки“ и воведе казнени тарифи за Бразил, што ги намали по разговорите со Лула во октомври.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни