Ладното време го зголемува развојот на бактерии и вируси. Ако нашето тело се уште не се прилагодило на пониски температури или ако имунитетот ни е слаб, ние сме поподложни на настинки или грип.
Може ли лукот да ни помогне во борбата против бактерии и вируси?
Лукот е често употребувана состојка во речиси секоја кујна. Богат е со хранливи материи, содржи витамини А, Ц, Е, К и витамини од групата Б (Б1, Б2, Б3, Б6), заедно со минерали како натриум, калиум, калциум, бакар, железо и цинк. Алицинот, кој се наоѓа во лукот, се активира кога зачинот се сечка и е ефикасен против бактериите, ја намалува назалната конгестија, го поттикнува искашлувањето и ја ублажува кашлицата.
Лукот има и многу антиоксиданси кои помагаат во обновување на оштетените клетки. Витамините Б6 и Ц во лукот го зајакнуваат имунолошкиот систем, ги ублажуваат симптомите и го забрзуваат закрепнувањето. Студијата покажа дека луѓето кои јаделе сиров лук 12 недели, помеѓу ноември и февруари, имале помалку настинки. Исто така, оние кои настинале побрзо закрепнале.
Потенцијални несакани ефекти
Конзумирањето на мала количина на суров лук во дневните оброци може да биде корисно за превенција од болести. Сепак, постојат несакани ефекти како иритација на устата, надуеност, гадење, дијареа или повраќање. Прекумерната употреба на суров лук, исто така, може да доведе до лош здив и мирис на телото.
Извор: raport.ba