Новата суперѕвезда на Лос Анџелес Лејкерс, Лука Дончиќ, направи голем гест на благодарност откако даде донација од 500.000 долари, наменети за хуманитарна помош по шумските пожари кои ја опустошија Јужна Калифорнија и особено Лос Анџелес.
„Беше толку тажно да се види и да се дознае за разорната штета што шумските пожари ја предизвикаа во Л.А. Не можам да верувам и жалам за сите деца кои ги загубија домовите, училиштата и местата каде што играа со своите пријатели. Денес, мојата фондација донира 500.000 долари за да помогне во напорите за итно закрепнување. Исто така, посветен сум да помогнам во обновата на игралиштата и терените кои беа уништени. На секое дете му треба безбедно место за плачење. За сите погодени од овие пожари – тука сме да помогнеме. Вашиот нов сосед, Лука Дончиќ“, се вели во изјавата на кошаркарот.