Лук за здрави и расцветани орхидеи

Орхидеите се преубави цвеќиња, но бараат посебна грижа, особено ако сакате да цветаат повеќе пати годишно.

Љубителите на орхидеи откриваат дека растот и нивното цветање може да ги поттикне лукот.

Лукот е познат по своите антигабични, антибактериски и антивирусни својства, а благодарение на алицинот – природен антибиотик, може да им помогне на орхидеите. Алицинот го спречува развојот на мувла и болести, а со тоа го подобрува здравјето на растението и го поттикнува неговиот раст.

Подготовката на смесата со лук е едноставна. Измешајте 1 лажичка лук во прав (или свежо сечкан) со 2 чаши вода. Ако користите свеж лук, оставете ја смесата да отстои неколку часа или дури и преку ноќ. Следниот ден процедете ја смесата и истурете ја во шише со распрснувач. Се препорачува оваа смеса да се користи еднаш месечно, за да се постигне најдобар ефект, но треба да биде умерена бидејќи премногу лук може да го оштети растението.

Исто така, за дополнителна нега на орхидеите, се препорачува правилно наводнување, поставување на растението на место со индиректна светлина и редовно ѓубрење со специјализирано ѓубриво.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни